За нас

Ако на интернет барате услуги за преселување, вселување, складирање и  асистирање при извршување тогаш вашата потрага завршува ОВДЕ.

СТЕЛА  е прва компанија која постои како како посебен деловен субјект кој ви нуди најквалитетни услуги во областа на преселувањето, вселувањето, складирањето и  асистирање при извршување.

Идејата за основање на самостојна фирма произлезе од потребата на модерниот начин на живеење и постоењето на посебна компанија која ќе се бави со овој вид на дејност, која ќе има за цел преселбата и/или складирањето на вашите добра да се одвива едноставно и професионално, притоа оттргнувајки го од вас целиот стрес што со себе го нпси истото.

Индустриските стопански субјекти  како и физичките лица многу бргу ја препознаа деловноста, стручноста и ефикасноста на нашата компанија и за кратко време Аукциска Куќа СТЕЛА  се промовирше во секојдневен партнер и пријател на  голем број физички лица, како и деловни субјекти од редот на извршителите, индустријата, енергетиката и стопанството на кои нашите услуги им беа потребни.

Веруваме дека имињата на нашите клиенти и нивната доверба во нас доволно зборува за нашата посветеност во решавањето на сложени задачи поврзани со преселувањето, вселувањето, складирањето и  асистирањето при извршување.

Со  нашето повеќе годишно  работно искуство во областа и стотици успешни проекти зад нас, имаме изградено силна база на знаење која ни овозможува да се справиме со најспецифичните барања и да дадеме решение за најкомплексните задачи.

Високото ниво на знаење комбинирано со искуството во областа во која бевме пионери а денес сме водачи, го гарантираат нашиот но и успехот на нашите клиенти.

Кон нашата работа од самиот почеток, исто како и денес, и пристапуваме со уживање и ентузијазам, и благодарение на добрата организација им го даваме на нашите клиенти тоа што им го ветуваме. Дури и повеќе од тоа...

Нашата пионерска улога во оваа област кај нас е само обврска повеќе постојано да се надградуваме и да бидеме во чекор со светските достигнувања во оваа област, што ја потврдува нашата соработка на проекти со многу амбасади, како и сите компании кои значат нешто во нашата земја.

Нека нашата професионалност биде  Вашиот мотив, реагирајте на време и избгнете го целиот стрес  нервози за време на вашето преселување или вселување во новиот дом или новата деловна средина.

Обратете се, ние сме тука за Вас.

Секое Ваше барање е наш предизвик. Спремни сме, по снимање на состојбите во најкратко време да одговориме на Вашиот повик.

Ваша СТЕЛА АУКЦИСКА КУЌА

сподели Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedIn